Рекорден пораст на цените на горивата во Кина, владата ги ограничи цените


depositphotos_242137784_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина интервенираше денес за да ги ублажи растечките цени на горивата, зголемувајќи ги регулираните ограничувања на малопродажните цени за бензинот и дизелот. Сепак, владата го ограничи зголемувањето на цените на околу половина од износот што инаку би се применил според официјалниот механизам за одредување цени, пишува „Ројтерс“.


Ова прилагодување, поттикнато од порастот на цените на нафтата поради војната меѓу САД и Израел против Иран, е сè уште најголемото досега забележано. Новите цени на горивата, со тоа, се приближија до нивоата забележани во 2022 година, по руската инвазија на Украина.

Притисокот врз кинескиот пазар доаѓа во време кога војната во Иран сè повеќе го тресе глобалниот енергетски сектор.

Нафтата денес беше над 113 долари за барел, откако накратко достигна 120 долари претходно овој месец, а пазарите се особено вознемирени од нападите врз енергетската инфраструктура и блокадата на Ормутскиот теснец, низ кој минува голем дел од светската трговија со нафта и гас.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK