(Видео) Манасиевски: Секој кој се огрешил пред законот треба да одговара, не очекуваме СДС да ја разберат оваа борба против криминалот и корупцијата


manasievski-2.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во одговор на прашање за синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, кој е надлежен на таа функција во јуни 2024, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тоа е определба на Владата за борба против криминалот и корупцијата на дело.


„Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот“.

Кажа дека ја поздравува и акцијата на МВР и дека тоа е порака до сите дека со законот нема играње.

„Дополнително, ние не очекуваме ова да го разберат колегите од СДС затоа што тие се уште една иста криминална банда којашто сака да дојде на власт само за повеќе да краде“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK