Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси го постигна 900-от гол во својата богата кариера во реваншот од осминафиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите помеѓу Интер Мајами и Нешвил.
Во првата средба во Нешвил беше 0:0. Реваншот започна со магија на Аргентинецот.
Во седмата минута, Меси го постигна водечкиот гол за Интер по асистенција на Серхио Регуилон.
LİONEL MESSİ KARİYERİNİN 900. GOLÜNÜ ATTI!!🔥🔥
TARİHİN EN İYİSİ.🐐
pic.twitter.com/vPKzcCrFCT— Messi Hayranları (@messitutkusu) March 18, 2026
Меси е во Интер од 2023 година и му донесе на тимот историска прва титула во МЛС. Пред
Интер, Меси постигна голови за Барселона, Пари Сен Жермен и репрезентацијата на Аргентина, со која беше светски шампион во 2022 година.
Foto/ depositphotos