Пронајден возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега, следува кривична пријава


36-годишен-скопјанец-тешко-повреден-бил-удрен-од-„фолксваген.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје кој пред два дена со возило на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје удри во пешак и избега.


Имено 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје беше пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје.

Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од улицата „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со улицата „Народен Фронт“ во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот.

СВР Скопје против С.Б. ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и членот 301 за неикажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK