Израел нападна клучна гасна инфраструктура во Иран


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските воздухопловни сили ја нападнале гасната инфраструктура на југот на Иран, потврди израелски претставник, пренесе „Тајмс оф Израел“.


Според него, цел на нападот било најголемото иранско постројување за преработка на гас во покраината Бушер.

Иранската државна телевизија исто така извести за нападот, наведувајќи дека делови од гасните постројки во специјалната економска енергетска зона Јужен Парс во Асалује биле погодени од проектили. Додаде дека противпожарни екипи се испратени на местото за да го стават пожарот под контрола.

Гасното поле Јужен Парс, кое Иран го дели со Катар, е најголемата позната резерва на гас во светот и обезбедува околу 70 проценти од домашното снабдување со природен гас во Иран.

Израел ги нападна овие постројки и за време на дванаесетдневниот конфликт во јуни минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK