ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите


okta.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОКТА АД – Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите клиенти.


Оваа придобивка, како што велат од компанијата, е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена.

„Иницијативата е доброволна, се спроведува на големопродажно ниво, додека одлуката за нејзино пренесување во малопродажбата останува на секој трговец поединечно“, велат од ОКТА

Додаваат и дека се посветени на стабилноста на пазарот, транспарентноста и целосното почитување на постојните договорни рамки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK