Стив Кер ја забележа 600-та победа во НБА лигата


untitled-1-35.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, прослави голем јубилеј, 600 победи во НБА лигата.


Неговите Вориорс ја прекинаа серијата од пет порази со победа од 125-117 над Вашингтон, со што му ја донесоа долгоочекуваната јубилејна победа на Кер.

„Не беше одличен натпревар, но ни требаше оваа победа и бевме доволно добри за да ја оствариме“, рече Кер по натпреварот.

Тој стигна до својата 600-та победа во својот 943-ти натпревар од регуларната сезона,

Само легендарните Фил Џексон (805 натпревари), Пет Рајли (832) и Грег Попович (887) им беа потребни помалку натпревари за да дојдат до 600 победи.

„Нереално е да го чујам твоето име во ова друштво, но она што нè поврзува сите нас се играчите. Не можеш да победиш во оваа лига без врвен талент, а јас имав среќа да работам со исклучителни играчи од првиот ден“, рече Кер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK