Твоите добри навики сега вредат уште повеќе: Пакомак, во соработка со Рудник Саса и Општина Македонска Каменица, започнува кампања за зголемување на вредноста на „зелените поени“


1а
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селектираната пластична амбалажа и лименки предадени за рециклирање ќе вредат повеќе за вработените во Рудник САСА и жителите на Македонска Каменица.

Рудникот САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад Пакомак, ја најавува претстојната кампања „Твојата грижа за Планетата вреди х 2“, преку која ќе се удвои вредноста на зелените поени кои вработените и жителите  ќе ги добијат за секое пластично шише и лименка кои ќе бидат  одложени во вендинг машините во рудникот  и  општината .


Кампањата ќе се реализира од 18 март –  Меѓународниот  ден на рециклирањето, до 22 април – Денот на планетата Земја. Во тој период,  за секое одложено пластично шише или лименка во некоја од трите повратни вендинг машини во Рудник САСА и Македонска Каменица, вработените и жителите ќе добиваат по два „зелени поени“ – двојно повеќе отколку досега.

Здравата животна средина и чистата околина треба да се доволна мотивација за секој граѓанин да биде еко одговорен и да го селектира својот отпад. Но, оваа иницијатива има за цел дополнително да ја охрабри заедницата, како и вработените на Рудникот САСА, поактивно да се вклучат во селективно одложување на искористените пластични шишиња и лименки, нудејќи им дополнителни придобивки.

Иницијативата ќе трае повеќе од еден месец, со што се обезбедува доволно време на вработените во Рудник САСА и жителите на Македонска Каменица да акумулираат повеќе „зелени поени“ кои потоа може да ги искористат за да добијат низа придобивки и поволности како што се: ваучери за попусти во маркети, донации и слично.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK