Тешко повреден 16-годишен мотоциклист во сообраќајка во Струмица


brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа.


Во несреќата учествувале мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица, и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил и 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK