Кина му одговори на Трамп


depositphotos_159665796_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи на Кина изрази загриженост за напнатата ситуација во Ормутскиот теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да ги испрати своите бродови за да го обезбедат клучниот воден пат. Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп.


Портпаролот на министерството, Лин Џиан, ја опиша ситуацијата како напната и штетна за глобалната стабилност.

„Кина уште еднаш ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат воените дејствија, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите и да спречат регионалниот конфликт да има посериозни последици за глобалниот економски развој“, рече тој.

Трамп претходно во интервју за „Фајненшл тајмс“, изјави дека можеби ќе го одложи планираниот самит со кинескиот лидер Си Џинпинг. Тој додаде: „Кина исто така треба да помогне бидејќи 90 проценти од нејзината нафта доаѓа низ теснецот“.

На прашањето од новинарите да ги коментира забелешките на Трамп, Лин денеска одговори дипломатски.

„Дипломатијата на високо ниво игра неопходна улога во стратешката насока на односите меѓу Кина и САД. Двете страни остануваат во контакт во врска со посетата на претседателот Трамп на Кина“, рече тој.

Портпаролот, исто така, избегна да одговори на прашањето дали Кина добила официјално барање од САД да испрати бродови во Ормутскиот теснец.

Кина не е единствената земја врз која САД вршат притисок да испрати помош. Трамп во саботата изјави дека се надева оти „Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други“ ќе испратат поморски сили за да обезбедат навигација низ теснецот, кој е практично затворен од почетокот на војната.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK