Во Кочани денеска продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“


marsh-kocani.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Кочани денеска продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади лица.


Според програмата, денешниот ден започнува во 9 часот со релацијата Штип – Кочани, каде што ќе се вози во чест на загинатите 63 „ангели“.

Во 9 часот е предвидена и релацијата Полениково – Ново Балгур – Осогово, каде ќе се одржи првиот меморијален планинарски марш „Ивана Антова и 63 ангели“.

Во спортскиот дел од програмата, во 10 часот ќе се игра турнир во кошарка за помладите категории.

Во рамки на културната програма, во 13:30 часот во НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи настан „Кочани ни благодари“ со музички и балетски перформанс.

Во 17 часот е закажан концерт на Марко Видоевиќ и ИБЕМ, додека во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.

Настаните се дел од повеќедневната програма со која Кочани се сеќава на жртвите и испраќа порака дека трагедијата никогаш нема да биде заборавена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK