(Видео) Трамп објави снимка од нападот врз Харг


tramp-1.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп објави снимка од синоќешните американски воздушни напади врз ирански воени цели на островот Харг во северниот дел на Персискиот Залив.


На видеото се гледаат удари врз воена база на островот, меѓу кои и напади врз писта на воздухопловна база, како и врз повеќе други локации.

Според достапните информации, мета биле и системи за противвоздушна одбрана, како и можни позиции на ракетни системи што ги користи Иранската револуционерна гарда.

Трамп претходно на социјалната мрежа „Трут соушал“ соопшти дека американската војска извела еден од најмоќните воздушни напади во поновата историја на Блискиот Исток.

„Пред неколку моменти Централната команда на САД изведе еден од најмоќните бомбардерски напади во историјата на Блискиот Исток и ги уништи сите воени цели на иранскиот остров Харг“, напиша Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK