(Видео) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд


13824877.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд.


Најдобриот скокач со стап на сите времиња повторно ги помести границите на спортот.

Швеѓанецот скокна неверојатни 6,31 метри на митингот од „сребрената лига“ што се одржа во Упсала. Интересно овој митинг го носи неговото име, „Мондо Класик“.

Дуплантис, 15-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд.

Додека не се појави Дуплантис, 30 години, актуелен беше рекордот на Украинецот Сергеј Бубка (6,14).

Швеѓанецот сега воспостави целосна доминација бидејќи ги забележа последните 50 победи.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK