Насилство избило во берберница во скопско Арачиново, помеѓу деца на возраст од 14 и 15 години.
Инцидентот се случил на 11 март околу 13:30 часот, кога по расправија 15-годишник физички нападнал 14-годишно момче, при што употребил и остар предмет.
Случајот бил пријавен истиот ден полицијата од страна на таткото на нападнатиот малолетник, велат од МВР.
Двајцата малолетници работеле како чираци во берберницата. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.