Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д.(41) и Д.А.(37), двајцата од Велес.
Според полицијата, во службена просторија во Општата болница во Велес, пријавените одзеле паричници со пари и лични документи на две лица.
Потоа, на 1 октомври 2025 година, од банкарските картички на оштетените лица подигнале 23.000 денари.
Фото: depositphotos