(Фото) Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток


screenshot-2026-03-12-083335.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштија регионот, извести преку социјалните мрежи, министерот Тимчо Муцунски.


Како што информираше тој, во авионот имало 151 патник, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции.

„Безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони“, додава Муцунски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK