Гардијан: Иран нема волја да ја продолжи војната доколку САД прогласат прекин на огнот


13818242.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британските дипломати не веруваат дека Иран има волја или капацитет да ја продолжи војната во случај американскиот претседател Доналд Трамп да прогласи еднострано прекин на огнот во блиска иднина, со оглед на тоа што воените цели на САД се исполнети.


Се наведува дека судејќи според изјавите од Белата куќа, САД нема да се обидат да ги таргетираат или заземат иранските објекти со залихи од високо збогатен ураниум, туку ќе се задоволат со истакнување на штетата што им ја нанеле на иранските државни институции и нивната програма за балистички ракети, објавува лондонски Гардијан.

Дипломатите ги сметаат тврдењата на Иран дека нема да прифати прекин на огнот за фалење и потсетуваат дека Иран прифатил прекин на огнот на крајот од 12-дневната војна во јуни минатата година.

Фото: ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK