По расправија во локал во Тетово: тепачка, оштетено такси и нападнат таксист


hronika-tepachka-taksi-policija-nasha.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф. (37) и Ќ.Б. (33), двајцата од село Желино, општина Желино, С.И. (46) од село Требош, тетовско и И.К. (38) од село Прељубиште, општина Јегуновце, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.


Според полицијата, на 7 декември 2025 година во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка меѓу пријавените лица.

По инцидентот, на паркинг-простор тие оштетиле такси возило и физички го нападнале возачот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK