САД потрошиле 5,6 милијарди долари во првите два дена од нападите врз Иран


Depositphotos_593041472_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопштила дека во првите два дена од нападите врз Иран потрошила муниција во вредност од 5,6 милијарди долари, се наведува во извештај доставен до комитетите на американскиот Конгрес.


Членови на Конгресот изразиле загриженост дека конфликтот би можел да ги исцрпи американските воени резерви, во време кога одбранбената индустрија веќе се соочува со зголемена побарувачка.

Трамп пред четири дена се сретнал со раководители на седум одбранбени компании додека Пентагон работи на обновување на залихите. Администрацијата засега не дала јавна проценка за вкупните трошоци на конфликтот што започна на 28 февруари заедно со Израел.

Според информации од Конгресот, Белата куќа наскоро би можела да побара дополнително финансирање за војната.

Некои претставници проценуваат дека новото барање може да изнесува околу 50 милијарди долари, додека други сметаат дека таа сума може да биде и повисока.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK