Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран, која трае десет дена, би можела наскоро да заврши, оценувајќи дека САД се „далеку пред планот“, пренесе Си-Би-Ес њуз.
Во телефонско интервју тој изјави дека според него конфликтот е „практично завршен“.
Трамп рече дека иранската војска е значително ослабена. „Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздушни сили. Нивните ракети се сведени на остатоци“, изјави тој.
Американскиот претседател испрати и остра порака до Техеран.
„Испукаа сè што имаа. Подобро е да не се обидуваат со никакви трикови, бидејќи тоа ќе биде крај на таа земја. Ако направат нешто лошо, тоа ќе биде крај на Иран и повеќе нема да слушнете за тоа име“, рече Трамп.
Тој додаде дека САД размислуваат и за преземање на контролата врз Ормутскиот теснец.