(Видео) Муцунски: Евакуацијата е бесплатна, во текот на оваа недела сите македонски граѓани ќе бидат вратени во земјата


mucunski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите македонски државјани што се наоѓаат на Блискиот Исток и кои сакаат да се евакуираат, во текот на оваа недела ќе бидат вратени во земјата, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Тој, исто така, кажа дека евакуацијата е бесплатна.


„Причината е тоа што државниот систем е создаден за во вакви кризни ситуации да им излезе во пресрет на граѓаните“, рече Муцунски и ги повика сите кои сакаат да се евакуираат да стапат во контакт со Министерството.

Приоритет за евакуација имаат жените и децата, како и лицата кои отишле туристички во земјите од Блискиот Исток.

Од Израел евакуирани се сите лица кои покажале подготвеност, останува уште едно лице чија евакуација ќе се реализира кога ќе се создадат безбедни услови.

Од Обединетите Арапски Емирати вчера беше евакуиран 151 патник меѓу кои има и странски државјани и тоа државјани на Црна Гора, БиХ, Украина, Косово, Србија и Холандија.

Муцунски информира дека во моментов во оваа земја има уште околу 430 македонски државјани, а во текот на оваа недела од Дубаи се планирани уште два лета.

Министерот, исто така, кажа дека вчера на аеродромот во Дубаи не се појавиле 14 лица кои претходно биле пријавени за евакуација.

Во Доха има 162 лица од кои 89 изразиле подготвеност за евакуација. Во Кувајт 36, Бахреин 15, а во Саудиска Арабија 5 лица. За нив е организиран транспорт до Риад по што во текот на оваа недела ќе се реализира лет до Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK