(Видео) Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија


Depositphotos_543717052_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напад со украински дрон доцна синоќа предизвикал пожар во складиште за нафта во Краснодарскиот крај во Русија, соопшти регионалниот кризен штаб.


Украинските власти засега не се огласија за настанот. Руското министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта соборило четири украински дрона над Краснодарскиот крај.

Пожарот избувнал во складишно-претоварното постројување на Јужната нафтна компанија во градот Армавир. Жителите пријавиле дека непосредно пред пожарот слушнале експлозии и забележале дејствување на противвоздушната одбрана.

Кадри објавени на локалните социјални мрежи покажуваат пламен што се издига од постројувањето додека на местото пристигнуваат итните служби.

Краснодарскиот крај, кој се наоѓа на југозападот на Русија покрај Црното Море, повеќепати бил цел на напади со дронови во рамки на украинските удари врз руската енергетска и воена инфраструктура.

Фото: Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK