Санчез: Шпанија не е сама, го браниме меѓународното право


pedro-sanchez-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повторно го изрази противењето на војната и нагласи дека Шпанија е меѓу земјите што го бранат меѓународното право и човековите права, јави агенцијата „Анадолија“.


Говорејќи на предизборен митинг, Санчез ги отфрли критиките на опозициските партии дека ставот на Мадрид ја изолирал земјата.

„Можеби слушнавте дека Шпанија е сама. Истото го велеа и кога ја признавме државата Палестина, а потоа и други земји го следеа тој пример“, рече Санчез.

Тој додаде дека Шпанија не е сама, туку е меѓу првите што се спротивставуваат на војната.

Санчез ја осуди иранската власт поради репресијата врз општеството, но нагласи дека на незаконит чин не треба да се одговара со ново насилство, бидејќи „насилството раѓа уште насилство“.

Тензиите се зголемија откако Шпанија ги осуди нападите врз Иран и одби да им дозволи на американските сили да користат шпански воени бази за тие операции, по што американскиот претседател Доналд Трамп се закани со целосно трговско ембарго.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK