Приведен тетовец: со сопругата насилно влегле во канцеларија во градинка и нападнал вработена


gradinka1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Тетово привеле 38-годишен маж од Тетово поради сомнение дека физички нападнал вработена во детска градинка.


Како што информира МВР, на 6 март околу 15:00 часот во Тетово бил приведен Ф.З. (38), кој претходно заедно со својата сопруга со употреба на сила влегол во канцеларијата на З.Н. (45) од село Фалише, тетовско, вработена во детската градинка „Младост“.

Според пријавеното, откако влегле во канцеларијата, тој физички ја нападнал вработената.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: илустрација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK