Велика Британија: Не патувајте во Кипар поради ризик од тероризам


depositphotos_329942412_xl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велика Британија денес ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Кипар бидејќи ризикот од терористички напад во таа област не може да се исклучи, објави Би-Би-Си.


Службата за надворешни работи и развој изјави дека постои високо ниво на закана од вакви напади на глобално ниво.

Како што се додава во соопштението, оваа закана ги загрозува британските интереси и граѓани, а доаѓа од групи и поединци кои ја гледаат Велика Британија и нејзините граѓани како цели.

„Бидете будни цело време кога станува збор за вашата околина“, се истакнува во соопштението на британските власти, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK