„Еден од најлошите денови во мојот живот, дали го заслужувам ова?“


rodrigo_ges_32432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, 25-годишниот Родриго Гоес, ги скина предните вкрстени лигаменти во поразот од Хетафе (0:1) и неговата сезона е завршена. Исто така тој ќе го пропушти и Светското првенство, кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ова лето.


Бразилецот влезе во игра во 55-та минута наместо суперталентираниот Тијаго Питарч, го одигра натпреварот до крајот, и дури тогаш почувствувал ужасна болка во коленото. Прегледите направени наредниот ден покажале дека станува збор за сериозна повреда.

По тој повод, Родриго Гоес се огласи на социјалните мрежи и објави видео од повредата (во 66-та минута).

„Еден од најлошите денови во мојот живот. Не знам дали го заслужувам ова… но на што можам да се пожалам по толку многу прекрасни работи што ги доживеав? Ќе бидам надвор од терените до крајот на сезоната и Светското првенство, сон што сите знаат што ми значи. Сè што можам да направам е да бидам силен. Ви благодарам на сите за вашите молитви и љубов. Ветувам дека нема да застанам тука, сè уште имам толку многу да доживеам во фудбалот. Бог останува да има контрола врз сè“, напиша Бразилецот.

Шпанските медиуми објавија дека Родриго Гоес ќе биде надвор од терените околу десет месеци.

Foto/ depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK