Израел испрати дополнителни сили во јужен Либан, Шошани тврди: „Ова не е копнена офанзива“


izraelsko-zname.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел испрати дополнителни сили во јужен Либан, соопшти израелската војска.


Портпаролот на војската, Надав Шошани, изјави дека ова не е маневар, копнена офанзива ниту нешто слично, туку тактичка мерка за спречување напади на Хезболах. Тој додаде дека постои реална можност движењето да ги ескалира операциите против Израел.

Не е соопштено колку војници се распоредени. Израелските сили, кои досега биле стационирани на пет позиции во јужен Либан, зазеле и дополнителни стратешки локации во близина на границата, од каде што, според Шошани, може да се гранатираат израелски населби или да се изведат обиди за инфилтрација.

Министерот за одбрана Израел Кац соопшти дека тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху ја одобриле одлуката за заземање и обезбедување дополнителни позиции со цел да се спречат напади врз израелските погранични заедници.

Хезболах претходно истрела неколку ракети кон Израел како одмазда за израелско-американски напад врз Иран, по што Израел возврати со воздушни напади врз позиции на движењето, вклучително и во Бејрут.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK