Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник.
Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.