Почитувани сограѓани,
Општина Штип, во рамки на подготовките за 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето“, објавува јавен повик до сите заинтересирани субјекти за пријавување проекти и програми од областа на културата кои соодветствуваат на традицијата и реномето на оваа најстара културна манифестација во општината.
Пријавувањето се врши со пополнување на Пријавен лист (формулар), кој треба да се достави во архивата на Општина Штип најдоцна до 6 април 2026 година. Нецелосно пополнетите пријави нема да бидат разгледувани.
„Штипско културно лето“ и оваа година ќе се реализира во вообичаениот термин, од последната недела на јуни до крајот на јули 2026 година.
За подетални информации, лице за контакт е Кирил Панајотов, телефон: 078 47 26 99.
Прилог: ⇓ Пријавен лист⇓