Доделени наградите на 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“


641279029_1353241346827199_825359424926940995_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва се одржа свеченото доделување на наградите од 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“, настан кој традиционално е дел од програмата на Струмички карневал.

Фестивалот свечено го отвори градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, кој во своето обраќање истакна дека градот преку хуморот, сатирата и уметничката слобода испраќа силна порака за креативност, критичка мисла и меѓународна културна соработка.


Тој нагласи дека фестивалот со години претставува значаен културен белег на градот, афирмирајќи ја Струмица како средиште на уметноста, духовитоста и отвореноста кон светот, каде автори од различни земји преку афоризмот и карикатурата ги споделуваат своите пораки со публиката.

Настанот помина во свечена атмосфера, со присуство на бројни уметници, гости и љубители на хуморот и сатирата, потврдувајќи дека фестивалот останува еден од најпрепознатливите културни сегменти во рамките на карневалските денови.

The post Доделени наградите на 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“ appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK