Синоќа на улицата Благоја Стефковски во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.С.(35) од главниот град.
При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште едно лице, кај него бил пронајден и одземен пиштол.
Според информациите од МВР, тој се сомничи дека истиот ден околу 22:00 часот во угостителски објект во населба Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј.(31) од с.Марино, општина Илинден и Б.А.(32) од населба Илинден, општина Илинден.
Притоа, А.С. му упатил закани на И.С. со пиштол, сопственост на А.М.(30) од с.Стајковци, скопско, вработена во МВР, која била со нив.
По преземени мерки, на 16.02.2026 во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода и А.М.(30).
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.