Тоа што Ромите лошо ги артикулираат своите аргументи против „Сејф сити“ не значи дека за некои работи не се во право.
Секој сака да живее добро и да има можност да се образува и да положи за возачка дозвола, но не секој може да си го дозволи тоа.
Никој не може да ме убеди дека Ромите не се дискриминирани. Јас како Албанец, ти како Македонец, многу полесно ќе најдеме работа. А тоа во ниту еден случај не значи дека сме подобри во одредени професии.
Голем е бројот на Роми кои немаат ниту еден личен документ. Како тој да положи?
Пред сè, поради економската состојба, голем е и бројот на тие што се без образование. Како тој да го положи тестот?
Дали може некој да ме убеди дека Ромите нема да бидат таргет на МВР, со намера да се подобри статистиката и да се покаже дека законот се спроведува?
Да не ме сфати некој погрешно, ова не е пост против „Сејф сити“, затоа што премногу опасно стана на улиците.
Но, зошто толку брзање?
Нема пари?
Даноци, казни, осиромаши го уште повеќе народот? Тоа е решението?
Вие имате камери на улици каде што нема ниту еден сообраќаен знак.
Имате камери на улици каде што на еден километар има 200 дупки.
Вие имате закон изгласан во Собранието на државата, а се применува само во три града.
Немам никаква дилема дека ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи со смртни последици. Исто како што немам никаква дилема дека при подготовката на овој закон, ниту еднаш не беше приоритет безбедноста во сообраќајот.