Отворен нов спортски комплекс во СОУ „Јане Сандански“ – инвестиција во младите и спортот


619274629_1514178134047568_6641864917281164880_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ добија нов, современ спортски комплекс од отворен тип, наменет за кошарка, фудбал и одбојка.

Комплексот од денеска е официјално ставен во употреба, а увид во завршените градежни активности извршија градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков и министерот за спорт, Борко Ристовски.


Градоначалникот Јанков изрази задоволство од реализацијата на проектот, истакнувајќи дека покрај учениците од гимназијата, спортскиот комплекс ќе биде достапен и за граѓаните на Струмица за рекреативни потреби.

„Поставена е модерна полипропиленска подлога, инсталирани се нови спортски реквизити за кошаркарското, фудбалското и одбојкарското игралиште, обезбедено е соодветно оградување помеѓу терените и поставена е трибина. Наше заедничко обврзување, на Општината и ЈП „Паркиралишта Струмица“, е дополнително да се обезбеди осветлување, со што комплексот ќе може да се користи и во вечерни услови. Иако првенствено е наменет за учениците, овој спортско-рекреативен центар ќе биде отворен и за сите наши сограѓани. Тука не застануваме – ќе продолжиме со реконструкција и изградба на нови училишта, како во градот, така и во населените места. Изразувам голема благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и успешната реализација на проектот“, изјави градоначалникот Јанков.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, нагласи дека му е особено драго што и Струмица доби ваков мултифункционален спортски комплекс, истакнувајќи дека со години градот бил запоставен во однос на изградбата на поголеми спортски центри.

Тој упати благодарност до градоначалникот Петар Јанков и до директорката на СОУ „Јане Сандански“, Зорица Витанова, за одличната соработка и успешната реализација на овој значаен спортско-рекреативен проект.

The post Отворен нов спортски комплекс во СОУ „Јане Сандански“ – инвестиција во младите и спортот appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK