Апел од жителите на населбата Лисиче: Дали треба да се случи инцидент за Општината да го поправи осветлувањето?


12. македонска бригада кон Горно Лисиче
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на населбата Лисиче упатуваат јавен апел до надлежните служби во Општината поради повеќегодишниот проблем со нефункционалното улично осветлување. Иако проблемот е пријавуван повеќепати преку официјални дописи, мејлови и телефонски јавувања, реакција од надлежните сè уште нема.

​Најкритична е точката каде што завршува булеварот „12. македонска бригада“ кон Горно Лисиче, како и повеќе споредни улици. Посебен страв кај родителите предизвикува мракот на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“, која е главната траса по која децата секојдневно се движат до основното училиште „Димитар Македонски“.


„Ги исцрпивме сите официјални патишта за комуникација, но одговор не добивме. Во овој период од годината, кога деновите се кратки, а улиците се празни и небезбедни, нашите деца се изложени на огромен ризик,“ велат загрижените жители.

​Покрај слабата видливост, дополнителна опасност претставуваат и чопорите кучиња кои често се собираат токму на неосветлените локации и претставуваат закана за пешаците. Жителите стравуваат дека темните улици се и „поволен терен“ за кражби и сообраќајни незгоди.

​Тие јавно прашуваат: „Дали треба да се случи некој сериозен инцидент за некој конечно да преземе мерки за решавање на овој долгогодишен дефект?“

​Како доказ за алармантната состојба, локалното население доставува и видеоматеријали и фотографии, со надеж дека јавниот притисок конечно ќе ги натера надлежните да ја извршат својата обврска.

Фотографии од улиците 12та Македонска Бригада кон Горно Лисиче и Ѓорѓе Андреевиќ Кун

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK