Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, со уште една потврда на голема почит и безрезервна поддршка на спортистите и спортските клубови кои на најдобар начин ја промовираат нашата Општина.
Тој денеска оствари средба со тренерите и членовите на Шотокан карате клубот „Шихан“ кој со освоените над 73 златни, 41 сребрен и 38 бронзени медали минатата година, заслужено се вбројува меѓу најуспешните спортски клубови во нашата Општина.
Токму овие постигнати одлични резултати беа поводот за средбата на којашто градоначалникот Јанков лично им ги честиташе успесите на домашните и светските натпреварувања, потенцирајќи дека вложувањето во спортот значи вложување во здрави, мотивирани и самоуверени млади луѓе.
На средбата се разговараше за работата на клубот, интересот на младите за овој вид спорт, за натпреварувањата на домашната и меѓународната спортска сцена и за можностите и плановите на Клубот за оваа година.
Градоначалникот Јанков потврди дека ќе продолжи општинската поддршка за спортските клубови и младите спортисти бидејќи нивните успеси се заедничка гордост на Струмица.
The post Струмица гордо поддржува шампиони: Градоначалникот Јанков со честитка за клубот „Шихан” appeared first on Општина Струмица.