АЗЕСКИ И ДИРЕКТОРОТ ПЕЦОСКИ ВО РЕПЛЕК АД, НА РАБОТНА СРЕДБА ЗА НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА И ИЗВОЗНИТЕ КАПАЦИТЕТИ


azeski_45354534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Комората, Бранко Азески и членови на Управниот одбор, денеска (вторник) во во 14:00 часот ќе ја посетат компанијата Реплек АД Скопје, долгогодишна извозно-ориентирана членка на Комората. Имајќи предвид дека унапредувањето на извозните потенцијали на компаниите претставува врвен приоритет на Стопанската комора на Северна Македонија и во наредниот период, средбата ќе биде искористена за да се поразговара за интензивните инвестициски активности на фармацевската компанија со 80 години традиција како симбол на континуитет, стабилност и јасна визија за иднината.

Реплек АД Скопје е присутна на 25 пазари во Европа, Азија и Блискиот Исток, при што 75% од приходите од продажбата се остварени на странски пазари, со план за проширување на присуството на уште 15 нови пазари. Потврда за успешноста е стратегија на компанијата и растот на профитабилноста од 39% во однос на 2024 година, со остварен профит од 5 милиони евра, над 400 вработени и активно учество во процесите поврзани со унапредување на деловното опкружување во земјава.


Улогата на Комората во подршка на извозните и инвестициските процеси на компаниите е од исклучителна важност, бидејќи таа претставува платформа преку која компаниите можат да ги артикулираат своите ставови, потреби и предизвици, како и да придонесат кон креирање подобро и поконкурентно деловно опкружување.

Посетата на претседателот Азески на Реплек АД, е јасна порака на поддршка за компаниите што инвестираат во земјата, создаваат додадена вредност и ја градат својата конкурентност врз знаење, технологија и одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK