Под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на општина Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се организира и одржи традиционалната годишна спортска манифестација:
„Избор и прогласување на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на општина Струмица за 2025 година“.
Изборот и прогласувањето на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери за 2025 година ќе се одвива во следните категории:
– Екипен спорт
– Индивидуален спорт
– Спортска надеж
Доставувањето на предлозите е во тек и ќе трае најдоцна до 20.01.2026 година (вторник), по електронска пошта на:
[email protected]
За датумот и местото на одржување на оваа спортска манифестација јавноста ќе биде дополнително информирана.
The post Избор на најдобрите спортисти на општина Струмица за 2025 година appeared first on Општина Струмица.