До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година


evro-pexels-carlos-pernalete-tua-210498-730647.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се ограничени од 1 јануари до 31 јануари 2026 година.


Во текот на овој едномесечен период, левото и еврото ќе бидат во оптек истовремено, при што обете валути ќе имаат статус на законско средство за плаќање. Ова го објави БНБ, пренесе бугарски „Фокус“.

После тоа, од 1 февруари 2026 година, еврото ќе остане единствена валута на Бугарија.

Луѓето ќе можат да продолжат да менуваат лева, доколку сè уште ги имаат, во БНБ, во комерцијални банки или во пошти (во населби каде што нема канцеларии на комерцијални банки).

Бугарија од 1 јануари влегува во еврозоната, и почнува да го користи еврото за плаќања во земјата.

Фото: pexels

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK