На референдум и Полјаците ќе го кажат својот став за оградата долж границата со Белорусија

 Полска ќе им даде можност на своите граѓани да го кажат своето мислење дали треба да се задржи оградата долж границата со Белорусија, објави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак,јави ДПА. Референдумот ќе се одржи на 15 октомври во исто време со парламентарните избори. Иако изградбата на оградата беше критикувана од опозициските политичари, во моментов нема значително противење на објектот …

Continue Reading

Шаќири: Се реализираат проекти за подобрување на условите во образовните институции во Дебар

Министерството за образование и наука (МОН) реализира или во тек на реализација има проекти насочени кон подобрување на условите во образовните институции во општина Дебар, објави денеска на Фејсбук министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Како што информира министерот, во Дебар завршени се зафати во ООУ „Пенестија”, изработена е фасада и изградени се санитарни јазли за ученици со посебни …

Continue Reading

Африканската Унија денеска одржува средба посветена на ситуацијата во Нигер

Африканската унија соопшти дека денеска одржува состанок за ситуацијата во Нигер, каде војската изврши државен удар и инсталираше своја влада. Состанокот на Советот за мир и безбедност, орган задолжен за конфликтите и безбедноста во рамките на Африканската Унија, се одржува во време кога извршителите на државниот удар викендов испратија спротивставени пораки. Воената хунта првично изрази подготвеност за преговори, а потоа …

Continue Reading

Во српски праски откриено високо ниво на пестицидот хлорпирфос

Пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европска комисија. Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен. На 7 јули Словенија вратила праски во Србија поради присуство на пестицидот хлорпирифос. Претставниците на …

Continue Reading

Ал Хилал ќе плати за Нејмар 150 милиони евра годишно за ПСЖ 100 милиони за трансферот

Нејмар ќе добие шест пати поголема плата во Ал Хилал отколку во Пари Сен-Жермен. Претходно се дозна дека Бразилецот го комплетира трансферот во саудискиот клуб. Според „Sky Sports“, ПСЖ за трансферот ќе добие 100 милиони евра. Самиот Бразилец ќе добива 150 милиони евра годишно – шест пати повеќе отколку во ПСЖ. Новинарот Кавех Солхекол, исто така, забележува дека на некои …

Continue Reading

Локалниот младински совет на Струмица ќе помога во вдомувањето на бездомните кучиња

Локалниот младински совет на Струмица преку кампањи за подигање на свеста кај младите ќе помога во вдомувањето на бездомни кучиња кои се згрижени во Стационарот „Лана“. Претставници на Советот денеска беа во посета на Стационарот заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, каде се запознаа со работата и третманот на бездомните кучиња. -Покрај кампањи ќе работиме и на зголемување на интересот кај …

Continue Reading

Словенечката Влада го прогласи денешниот ден за Ден на солидарност за помош на поплавените

Словенечката Влада денеска одлучи да го прогласи 14 август за Ден на солидарноста, кога граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат на погодените од поплавите. Објавувајќи ја одлуката, премиерот Роберт Голоб рече дека земјата сака да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста, јави СТА. Тој додаде дека луѓето ќе добијат слободен ден „за да им помогнат на …

Continue Reading

Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови

Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава. Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците. Топлотниот бран …

Continue Reading

Рибарењето можен начин за зараза на третиот случај на конго-кримска хеморагична треска

Третиот случај на конго-кримска хеморагична треска кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење покрај дел на Вардар, каде што има доста влага, каде што има трева, трња и слично. Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ. Таа информираше и дека епидемиолози, како и Агенцијата за храна и …

Continue Reading