На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу еден час за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ. Автомотосојузот на Македонија информира дека утрово на граничните премини Богородица и  Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна …

Continue Reading

Ковачевски бара национален консензус за ЕУ, опозицијата повторува дека не поддржува уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски побара национален консензус за уставните измени, кои се предуслов за одржувањето на втората меѓувладина конференција и практичен почеток на преговорите со Европската Унија. Опозицијата, пак останува на ставот дека уставни измени под бугарски диктат не прифаќа. Ставовите се непроменети, а дали тоа ќе се потврди или не јавноста ќе дознае за помалку од две недели кога ќе …

Continue Reading

Групацијата за производство и преработки од месо бара итни измени на регулативата

Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на  Македонија бара итни измени на регулативата за спас на месно-преработувачката индустрија. Своите барања групацијата ќе ги изнесе на прес-конференција, што ќе се одржи во Стопанската комора, и на која ќе се обратат Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо и Васко …

Continue Reading

Сончево време со услови за слаб дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, информира УХМР. Во Скопје ќе биде сончево со мала …

Continue Reading

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и …

Continue Reading

На денешен ден

1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се “Дворски дами”, “Предавањето на Бреда” (наречено и “Копја”), “Венера со огледало” и “Ткајачи на килими”. Роден бил во …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули. Денеска е Успение на Св. Ана. Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е понеделник, 7 август 2023 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде …

Continue Reading