Здравствените синдикати задоволни од средбата во МИОА, но најавуваат „жешка есен“ протести ако нема слух од МФ и МЗ

Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на геријатрија денеска излегоа задоволни од средбата во Министерството за информатичко општество и администрација. На состанокот е констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници, синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерство за финансии и во Министерство за здравство, но не добиле одговор. Ако не …

Continue Reading

Георгиевски: Се грижиме за земјоделците – нови 8,8 милиони евра преку ИПАРД Програмата

Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и за земјоделскиот сектор. Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот подготвена да започне со користење на ИПАРД 3 програмата. Од ИПАРД 2 програмата се искористени 98 отсто од средства, со склучени 2369 договори. Објавен е …

Continue Reading

Стоилковски: Од Ковачевски ниту збор осуда за пораките за 2ри Август од Софија

Јавноста и денеска е покуса за информацијата каде летува Димитар Ковачевски и од кога е заминат во странство, имајќи предвид дека е објавено интервју со него кое што не кореспондира со реалноста и актуелните случувања. Да бевме малициозни ќе прашавме дали интервјуто е резултат на изложеност на сонце или место Ковачевски одговарал Артан Груби? Но… Почитувани, Пораките на Ковачевски во …

Continue Reading

Од задутре трето прскање против комарци во шест општини од Југоистокот

Од задутре до 11 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира трето прскање против комарци и ларвицидна дизенсекција, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. На 9 и 10 август ќе се прска против комарци во општините Василево, Ново Село и Босилово, а на 10 и 11 во Гевгелија, Дојран и Струмица. Од …

Continue Reading

Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта на „Get EXITed“ во Струмица

Во рамките на второто издание на фестивалот „Get EXITed“, на 7 септември во градскиот парк во Струмица ќе настапат продуцентот, пејач и диџеј Џон Њуман, турскиот продуцент Бурак Јетер и пејачката Констракта, а ќе бидат најавени и други уметници. Струмичкиот „Get EXITed“ го организира „ЕГЗИТ“ тимот во соработка со Општина Струмица, а влезот е слободен. -На овој Егзитов спектакл, кој …

Continue Reading

Од Романија за една година се иселиле 50.000 граѓани

Во 2022 година 50.000 Романци ја напуштиле својата татковина, објави весникот „Адеверул“, додавајќи дека рекордната бројка е еднаква на населението на средно голем град. Според експертите демографската криза во Романија продолжува, а причините за тоа се економски и социјални. На масовната миграција се додава и негативниот природен прираст на населението. Според податоците на Националниот статистички институт, во април 2023 година …

Continue Reading

Герасимовски: Започнува реконструкција на улицата „ Славејко Арсов“ во населбата Водно

Врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, Општина Центар започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”. -На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на …

Continue Reading

Битиќи: Падот на инфлацијата продолжува и во јули

Падот на стапката на инфлација продолжува и во месец јули 2023 кога е измерен раст на трошоците за живот од 8,4 проценти, и како што и беше најавувано изминативе неколку месеци, Владата максимално посветено работи со сите расположливи мерки истата да ја сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да го заштити стандардот на граѓаните, напиша …

Continue Reading

Млади од неколку земји на повеќедневна младинска размена во одморалиштето Михајлово кај Кавадарци

Млади од неколку земји по повеќедневна младинска размена во одморалиштето Михајлово, Кавадаречко, денеска  ја посетија кавадаречката локална самоуправа, информираа од Службата за односи со јавноста при Општината. – Во рамки на тригодишниот проект ‘Youth sPEACEs,  Urban spaces for active social participation and dialogue’ (Урбан простор за активно социјално учество и дијалог) од Еразмус+ Програмата, Совет за превентива против малолетничка деликвенција …

Continue Reading