Стефковски: Поминаа седум години од поплавите. Никогаш да не се повтори.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди општина Гази Баба.   Во објавата Стефковски напиша:   Почитувани граѓани, Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.   …

Continue Reading

Изминатите 24 часа најмногу врнежи во Радовишкo, Беровско, Штипско, Скопско и Светиниколско

 – Изминатите 24 часа најмногу дожд паднало во Радовишкo, Беровско, Штипско, Скопско и Светиниколско, покажуваат информациите од метеоролошките станици во земјава. -Врнежите кои паднаа на целата територија на државата беа со различен интензитет, а измерените податоци на хидролошките мерни станици покажуваат незначителни покачувања на водостојот. Сепак веруваме дека на одредени помали водотеци каде немаме мерни хидролошки станици покачувањата биле поголеми, информираат велат …

Continue Reading

Санкционитрани 15 возачи под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

– Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во периодот од 22:00 до 04:00 часот,  спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, како што информираат од МВР, биле санкционирани 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 18 останати прекршоци.

Continue Reading

Концерт на КУЗ “Карпош”на “Кривопаланечко културно лето”

– Сцената на Национална установа Центар за култура Крива Паланка синоќа беше вистинска фолклорна палета на колоритни носии и традиционални инструменти претставени на концертот на културно-уметничкото здружение “Карпош”. Концертот е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023” во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата во општината, со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија. …

Continue Reading

Украина тврди дека соборила 30 од 40 руски крстосувачки ракети

– Во текот на ноќта Русија изврши серија напади врз Украина, користејќи крстосувачки и хиперсонични ракети и беспилотни летала од иранско производство. Украинското воено воздухопловство тврди дека противвоздушна одбрана уништила 30 од 40-те крстосувачки ракети и сите 27 беспилотни летала Шахед лансирани од Русија. Но, не е наведен дали има штети од нападите или што се случило со 10-те крстосувачки …

Continue Reading

Над 50 пожари вчера во земјава, денеска нема активни

 – Над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од ЦУК. Во овој момент, додаваат оттаму, нема активни пожари. Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и …

Continue Reading

Ковачевски: Потребен е национален консензус за постигнување на стратешката цел – членство во ЕУ

– Потребен е национален, општествен консензус за конечно да ја постигнеме стратешката цел, Северна Македонија да стане членка на ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Говорејќи за уставните измени, кои се дел од преговарачката рамка и услов за одржување на втората меѓувладина конференција и практичен почеток на преговорите со ЕУ, за ставот на опозицијата дека не прифаќа …

Continue Reading

Се влошува ситуацијата во Словенија

– Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи. Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се вложува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот. – Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не …

Continue Reading

Отворена Интернационалната ликовна колонија „Дебрца 2023“

– Во селото Белчишта синоќа свечено беше отворена 38. Интернационалната ликовна колонија „Дебрца”, една од најстарите манифестации од тој вид во земјата. Годинава уметниците Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николоска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од …

Continue Reading