Циципас ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите

 – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас утрово го совлада Австралиецот Алекс Де Минаура со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот во Лос Кабос.   Дваесет и четиригодишниот Грк дојде до трофеј во Мексико и со тоа ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите.   Во претходните финалиња Циципас загуби на Мастерсот во Синсинати 2022 година, Астана 2022, Стокхолм …

Continue Reading

Гавалас од грчкото движење за слободни плажи: Единствено бараме да се спроведе законот

– Поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, минатиот месец го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите, надвор од законски одредениот простор со концесиите, одржаа низа протести на плажите, нешто што веројатно се случува прв пат во земјата, но веќе извојуваа неколку мали, но важни победи, а еден …

Continue Reading

Умерен земјотрес регистриран во североисточна Кина

 – Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во североисточниот дел на Кина. Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри јужно од градот Џежу во провинцијата Шандонг, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Continue Reading

Енрих Мердиќ: Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола го заслужува сертификатот на ЦИОФФ

– Фестивалот „Илинденски денови“ е импозантен и се радувам што го водат луѓе од струката кои знаат што е фолклор. Како претседател на јужноевропскиот сектор на ЦИОФФ слободно ќе речам, фестивалот „Илинденски денови“ во Битола апсолутно го заслужи сертификатот на ЦИОФФ во сите категории затоа што е одлично организиран, добро поставен, гостољубив за гостите и привлечен за публиката, вели во …

Continue Reading

Во Делчево седма изложба на олдтајмери

 – Во организација на здружението ,,King’s of the road’s”, во Делчево денеска ќе се одржи седмата изложба на олдтајмери. Претседателот на здружението Лоренцо Трајановски истакна дека очекува на популарното Ретро Кар Шоу со своите стари возила да продефилираат околу 100 учесници од нашата држава и од соседните земји. -Имаме најави за учество од Србија, Бугарија и Македонија со кои како …

Continue Reading

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час

– На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат утрово од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловоз, а интензитетот на сообраќај на патните …

Continue Reading

Премиерна изведба на претставата „Едвард Втори“ на „Охридско лето“

– Во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија. Директорот на Велешкиот театар кој воедно е и драматург на поставката, Сашо Димовски, вчера на прес-конференција по повод премиерата, …

Continue Reading

Од верските календари

6 август 2023  Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули. Денеска е Св. маченичка Христина. Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот …

Continue Reading

Претпладне променливо облачно со дожд, попладне претежно сончево и посвежо

– Претпладне ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. Како што инфомираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 12 …

Continue Reading