Борел бара итно ослободување на Навални

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални. Европска Унија повикува на негово итно и безусловно ослободување, напиша Борел на Твитер додавајќи оти новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“. Рускиот суд денеска го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам. …

Continue Reading

Хил: Русија го уништува украинскиот извоз на храна на сметка на потребите на луѓето во светот, користејќи ја храната како оружје

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави дека Русија го уништува украинскиот извоз на храна на штета на луѓето ширум светот и оцени дека владата во Москва мора да престане да ја користи храната како оружје. Хил изјави за Политика дека Русија мора да престане со своите сурови акции и да дозволи испорака на жито и храна, бидејќи од нив …

Continue Reading

Средба на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Куртовски со Армен Жерноски

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше во својот кабинет имаше средба со доктор Армен Жерноски асистент – истражувач во Јавната научна установа – Институт за национална историја – Скопје, Одделение за историјата на Македонија за време на османско – турското владеење. – На мое огромно задоволство денеска остварив средба со д-р Жерноски при тоа со посвета на подарок ја добив …

Continue Reading

МААЕ не пронајде експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународните набљудувачи не пронашле мини или други експлозивни направи на покривите на украинската нуклеарна централа во Запорожје, објави денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Украинската разузнавачка агенција СБУ на крајот на јули тврдеше дека Русија ја минирала таа електрана и дека планирала терористички напад. Москва ги отфрли тие обвинувања. Соопштението на МААЕ доаѓа откако на нејзиниот тим за првпат …

Continue Reading

Чаби Алонсо останува на клупата на Баер

Бундеслигашот Баер Леверкузен и шпанскиот фудбалски тренер Чаби Алонсо потпишаа договор за продолжување на соработката до јуни 2026 година, објави денеска германскиот клуб. Алонсо ја презеде должноста во германскиот клуб во септември лани кога Баер беше во резултатска криза и го однесе до шестото место во Бундеслигата, како и до полуфиналето во Лига Европа. „Му благодарам на Баерн за довербата …

Continue Reading

Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито

Координаторот за санкции на американскиот Стејт департмент Џејмс О’Брајан денеска изјави дека Русија треба да биде појасна за тоа што бара за да се врати на договорот за жито. Во разговор со новинарите, тој рече дека САД се подготвени да помогнат, но дека „не е јасно што Русија смета за успех“. -Тоа е проблемот… Русија извезува рекордни количини на жито, …

Continue Reading

Вучиќ: Србија ќе ги третира санкции против раководството на РС како да не постојат

Србија смета дека санкциите против раководството на Република Српска се несоодветни и ќе ги третира санкционираните лица како да не постојат санкции, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по серијата средби меѓу раководството на Србија и Република Српска во Бања Лука, јави дописникот на МИА од Белград. Зборувајќи за санкциите против раководството на Република Српска, Вучиќ рече дека РС смета дека …

Continue Reading

Демократското движење на Изет Меџити ги собрала потребните потписи за регистрација

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект. -Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во …

Continue Reading

Без вода дел од улицата „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“

Поради дефект на приклучна цевка ф ¾“ на ул.„Борис Трајковски“ 1/19, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „Борис Трајковски“ ул.1,3,5 и 7 и дел од булевар „Србија“. Од ЈП Водовод и Kанализација – Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 16:40 часот до завршување со активностите.

Continue Reading