САД ја осудуваат новата затворска казна од 19 години за Навални

САД денеска ја осудија одлуката на рускиот суд кој го осуди опозицискиот политичар Алексеј Навални на 19 години затвор. „Ова е неправеден крај на неправеден процес“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Се додава дека Кремљ со години се обидува да го замолчи Навални и дека со новата процедура руските власти уште еднаш покажале дека оние кои се осмелуваат …

Continue Reading

Албанската полицијата денеска уништила над 15 илјади, а за два месеца над 73 илјади стебла марихуана

Во Албанија продолжува полициската операција „Чиста територија“, чија цел е елиминирање на нелегалното произвидство на марихуана, објави полицијата. -За неполни два месеца, од почетокот на оваа мега-операција на територијата на земјата, главно во северниот дел уништени се вкупно 73.579 стебла марихуана. Само во текот на денешниот ден со палење се уништени 15.395 стебла канабис, откриени во повеќе села од општините …

Continue Reading

За излез на ГП Богородица и за влез во земјава на ГП Табановце се чека до 30 минути

Од 15 до 30 минути се чека за излез на граничниот премин Богородица и за влез во државава на  ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјава. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира …

Continue Reading

Независната управа за јавни приходи на Грција објави списоци со физички и правни лица кои ѝ должат на државата

Имињата на над 26.000 физички и правни лица кои на државата ѝ должат по над 150.000 евра, со доцнење на плаќањето повеќе од една година, објави Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, вклучени се 10.168 физички лица и 16.839 правни лица, а од Управата посочија дека објавувањето на податоците е задолжително …

Continue Reading

ДЗС: За 7,7 отсто зголемен индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во однос на истиот месец лани

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023  во споредба со јуни 2023 година е зголемен за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. -Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 година во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за …

Continue Reading

Најмалку тројца загинати во невремето во Словенија

Најмалку три лица загинаа во невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави Словенечката новинска агенција СТА. Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во околината на Крањ. Рекордните врнежи од дожд кои главно предизвикаа поплави во северниот дел на Словенија не се ни при крај, предупредуваат метеоролозите. Црвен аларм е прогласен за северозападниот, североисточниот …

Continue Reading

Раст на извозот, намален увозот

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-јуни годинава, изнесува 4 251 741 илјади евра, и бележи пораст од 3.8% во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, пак, во првото полугодие е 5 537 740 илјади евра што е за 7.4% помалку во споредба со претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1 285 999 …

Continue Reading

УХМР: Утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и …

Continue Reading

Езерото Титикака е пред пресушување поради разорните топлотни бранови во Јужна Америка

Нивото на водата во езерото Титикака е само 30 сантиметри над најниската точка забележана во 1996 година, изјави Лусија Валпер од Боливиската служба за метеорологија и хидрологија. Таа посочи дека во некои делови од земјата сушата може да трае до ноември. Како и многу други области кои исто така страдаат од смртоносните ефекти на климатските промени, водата во големото езеро …

Continue Reading