Акција за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот

Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на утрешниот ден ќе спроведат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа, известуваат од ЈП Водовод и канализација. Како што најавија, овие активности, покрај редовните активности за одржување на …

Continue Reading

НБ го поддржа и подготви нашиот тим што учествуваше на Меѓународната економска олимпијада за средношколци во Грција

Народната банка (НБ) преку серија предавања го подготви нашиот тим кој учествуваше на Меѓународната економска олимпијада за учениците од средните училишта што се одржа од 25 јули до 2 август годинава во Грција на која ученикот Давид Ставров освои бронзен медал. Меѓународната економска олимпијада e престижен меѓународен натпревар по економија за учениците од средните училишта, што се одржува од 2018 …

Continue Reading

Приведено албански државјанин, употребил туѓа патна исправа

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишиле од слобода В.А.(36) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена македонска патна исправа на друго лице македонски државјанин. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи лицето било задржано во Полициската станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот против …

Continue Reading

Софка Пејовска Дојчиновска нов заменик-претседател на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска, во рамки на 90. седница, ја избра Софка Пејовска Дојчиновска за нов заменик-претседател. Пејовска Дојчиновска доаѓа на местото на Катица Николовска, на која членовите на ДКСК и заблагодарија за досегашниот вложен труд. -За следен заменик-претседател се предлага најстариот член, кој работи од првиот ден од формирањето на ДКСК, рече претседателката на Антикорупциската …

Continue Reading

Санкционирани 280 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи. Од нив, како што соопшти денеска МВР, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со …

Continue Reading

Инспекциски надзори во угостителски објекти, извршено мерење на бучава во „Мош“ и „Интермецо“

Општина Центар информира дека минатата недела е извршено мерење на бучава во угостителските објекти Мош и Интермецо, по што се спроведени инспекциски постапки со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина. Правните лица можат да платат половина од казната во рок од осум дена. -По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија …

Continue Reading

Tи Џеј Шортс продолжува во Париз

Натурализираниот Американец Ти Џеј Шортс кој со репрезентативните колеги во македонскиот национален тим се подготвува за претстојниот претквалификациски турнир за Олимписките игри 2024 ја смени клупската средина за новата сезона. Шортс потпиша едногодишен договор со францускиот прволигаш Париз Баскет каде ќе се пресели од редовите на бундеслигашот Телеком Баскет Бон. Еден од најдобрите плејмејкери во Европа изминатата сезона ја освои …

Continue Reading

Големи поплави во Словенија, во тек евакуација, порои носат автомобили, се огласија сирени

Поради поројниот дожд, кој паѓа од четвртокот вечерта, бројни противпожарни единици во некои делови на Словенија работат цела ноќ. Според податоците на словенечката Управа за заштита и спасување, во последните 12 часа се регистрирани повеќе од 1.000 несреќи, а на помош пристигнале пожарникари од 168 противпожарни служби. Луѓето мораа да бидат евакуирани од три кампови. На некои места во Штаерска …

Continue Reading

Познатиот козметички бренд „Ив Рошер“ ги затвора продавниците во земјите со германско говорно подрачје

Познатиот француски бренд на природна козметика „Ив Рошер“, основан во 1965 година во Ла Гацилија од францускиот визионер Ив Рошер, вчера ја објави веста за затворање на продавницата во Штутгарт, каде што се наоѓа седиштето на трговскиот синџир за Германија, пренесува магазинот „Феникс“. „Ив Рошер“ ќе продолжи со онлајн продажба, но со затворањето на продавниците, погодени се стотици вработени, пренесува …

Continue Reading