Зеленски: Москва сака глобална прехранбена катастрофа

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно редовно обраќање до сонародниците ноќеска ги опфати повторените напади на Москва врз украинските пристаништа, при што ја обвини Русија дека „води битка за глобална катастрофа“ со гаѓање на капацитетите за складирање жито, пренесе Скај Њуз. -Во нивното лудило, им треба колапс на светските пазари на храна, им треба ценовна криза, им требаат прекини …

Continue Reading

Самопрогласениот нов лидер на Нигер ги отфрли економските санкции против земјата како „нехумани“

Самопрогласениот нов лидер на Нигер, Абдурахаман Чиани, ги отфрли санкциите воведени минатата недела од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) како „незаконски, неправедни и нехумани“. Тој во телевизиско обраќање во пресрет на Денот на независноста на поранешната француска колонија рече дека Нигер нема да потклекне пред регионалниот и меѓународниот притисок за враќање на претседателот Мохамед Базум на власт. Чиани нагласи …

Continue Reading

Киев повторно нападнат со дронови

Украинските противвоздушни сили возвратија со оган на нападите на руските беспилотни летала за време на тричасовната воздушна тревога во Киев и околината рано утринава, соопшти украинската армија. Како што е наведено, неколку експлозии се слушнале во и околу Киев, но се уште не се знае дали има жртви. Во еден воен извештај стои дека цели во воздухот биле соборени, но …

Continue Reading

Kореографката Искра Шукарова на уметничка резиденција во Њујорк

Кореографката проф. д-р Искра Шукарова од 27 јули до 7 август е поканета на уметничка резиденција во Њујорк и Вајлд Харт во САД. -Уметничката резиденција започнува во Њујорк за потоа да продолжи со престојот во прекрасната природа во Вајлд Харт (Њујорк) каде ќе се испитуваат теми поврзани со екологијата, движењето и природата. Темите кои ќе се обработуваат како дел од …

Continue Reading

Во рација во Рио де Жанеиро девет лица загинаа, двајца полицајци се ранети

Девет лица загинаа, а двајца полицајци се ранети во престрелка за време на полициска рација во фавела во Рио де Жанеиро. Во полициското соопштение се наведува дека најпрво пукале осомничените криминалци во населбата Вила Крузеиро, при што биле повредени полицајците, кои возвратиле. Претходниот ден 16 лица беа убиени во полициска операција во крајбрежниот град Гуаруа во соседната држава Сао Паоло, …

Continue Reading

Земјотрес во Албанија почувствуван во југозападните делови од земјава

Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје. -Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.

Continue Reading

Утре се очекува објавувањето на последниот ИПАРД 2 повик, земјава подготвена за старт на ИПАРД 3

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на средба со новинари, ќе го презентира последниот повик од ИПАРД 2 Програмата, што треба да биде објавен утре, 4 август. Николовски, како што најави неговиот Кабинет, ќе се осврне и на подготвеноста за старт на ИПАРД 3 програмата. Според министерот, земјава веќе очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за …

Continue Reading

Хенрик Маркуш, словачки амбасадор и „светски првак во возење велосипед низ Македонија “

Словачкиот амбасадор во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш е еден од ретките, можеби и единствениот кој околу 80 проценти ја има поминато нашата држава на велосипед. Неговите подвизи ги има регистрирано на 250 до 300 „релив” видеа кои ја опфаќаат секоја една педа земја во државата, на која стапнал со своето омилено „превозно” средство, притоа промовирајќи ги најзначајните нејзини културно-историски …

Continue Reading

Околу половина час се чека за излез на граничниот премин „Богородица“ и за влез на „Табановце“

На граничниот премин „Богородица“ за излез и на преминот „Табановце“ за влез во државава има зголемена фреквенција, времето на чекање утрово е околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

Continue Reading