Ирак ја покани Организацијата за исламска соработка да разговара со ЕУ за сквернавењето на Куранот

Министерот за надворешни работи на Ирак, Фуад Хусеин, ја повика Организацијата за исламска соработка да формира комитет за разговори со Европската унија во однос на оние нејзини членки кои дозволуваат сквернавење на Куранот, како и да покани доброволци да иницираат судски случаи, за да не се прекине оваа практика. Хусеин ги повика и Обединетите нации „да преземат мерки за да …

Continue Reading

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

„Со бавен и одмерен чекор, под ехото на тажните одѕвонувања на камбаните од крушевските цркви, меѓу долгиот и густ шпалир од повеќеилјаден народ, малиот саркофаг од големиот човек, на своите раце, наизменично го пренесувале, старите прекалени негови илинденски борци: Тоду Борјар, Крсте Гермов-Шакир, Петруш Карев… “ Таква била атмосферата во Крушево точно напладне на 1 август 1953 година кога се …

Continue Reading

Без струја дел од Стајковци

ЕВН известува дека денеска, од 06:30 до 10:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од с. Стајковци, поточно улиците со броевите: 11, 18, 54, 56, 58 и 60, во Општина Гази Баба. Електричната енергија ќе биде прекината поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.

Continue Reading

Собјанин: Спречени нови напади со дронови врз Москва

Руската противвоздушна одбрана во раните утрински часови собори неколку беспилотни летала над главниот град, изјави утринава градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесе ДПА. -Едно беспилотно летало ја оштети фасадата на една висококатница, изјави Собјанин на својот канал Телеграм. Засега нема информации за жртви. ДПА ја пренесува руската агенција Тасс која објави дека едно беспилотно летало удрило во високата зграда на …

Continue Reading

Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“. „САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на „црната листа“. Додик го нарече …

Continue Reading

Изведба на детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ во Струга

Професионални актери и аматери од Куманово, Прилеп и Струга вечер ќе ја изведат театарската претстава за деца и младинци „Петар Пан- Големата битка“ на отворено, на местото викано „Кајакарско“ во Струга. Претставата, како што информира Здружението за култура и уметност Арт Манија од Куманово, е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари и на интересен, хумористичен и …

Continue Reading

Лиценци од МТСП за даватели на помош и нега во домот во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе додели дозволи за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга за помош и нега во домот на територијата на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево. Услугата е наменета за повозрасни лица, лица со намален функционален капацитет и лица со попреченост кои не се во …

Continue Reading

Николовски ќе ги додели договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат доделени договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии. Како што информираат од МЗШВ, договорите ќе ги додели министерот Љупчо Николовски.

Continue Reading

Министрите на ДУИ и формално ќе ги поднесат условените оставки на седница на Влада, за опозицијата потегот е политички маневар за дефокус на јавноста

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи. Оставките, како што образложеи, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото …

Continue Reading