Пуџдемон: Нема поддршка за влада на Шпанија без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија

– Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, од чија сепаратистичка партија Заедно за Каталонија зависи формирањето влада во Шпанија, вчера изјави дека неговата партија ќе гласа за актуелниот шпански премиер Педро Санчез само доколку има договор за решавање на „конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија“. Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од есента 2017 година, на Твитер објави дека седумте гласови …

Continue Reading

Романски државјанин спасен преку бројот 112 во соработка на македонските и грчките служби

 – Романски државјанин кој имал проблеми со срцето, а престојувал во Гевгелија, е спасен преку Единствен број за итни случаи 112 во соработка на македонските и грчките служби. Од Центарот за управување со кризи информираат дека повикот е примен доцна синоќа и дека најверојатно поради близината на границата, првично повикот е примен на базна станица во Грција по што грчката …

Continue Reading

Пожарникар загина при гаснење на пожар во Канада, четврти годинава

– Пожарникар кој гаснел пожар во канадската провинција Британска Колумбија загина во петокот, со што бројот на загинати пожарникари во Канада годинава се искачи на четири. Како што јавија денеска локалните медиуми, пожарникарот кој загинал е 25-годишен маж од Онтарио кој го гаснел пожарот во Дони Крик. Тоа е најголемиот пожар што некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија …

Continue Reading

Во Скопје санкционирани 89 возачи за брзо возење и 11 за возење под дејство на алкохол

– На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден санкционирани се 89 возачи за брзо возење и 11 за возење под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека изречени се вкупно 171 мерка меѓу кои седум санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на црвено …

Continue Reading

Состојба на патишта

Скопје, 30 јули 2023 ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: – петок …

Continue Reading

Во Централноафриканската Република почна гласањето за новиот устав

– Гласањето за новиот устав почна утрово во Централноафриканската Република. Според нацртот на новиот устав, претседателот Фостен Аршанж Туадера би можел да се кандидира за трет мандат. Противниците го обвинуваат Туадера (66) дека сака да остане „доживотен претседател“. Право на глас имаат околу 1,9 милиони избирачи. Првите резултати ќе бидат објавени во рок од осум дена, а конечните резултати Уставниот …

Continue Reading

На „Табановце“ се чека околу 45 минути

– Околу 45 минути се чека на граничниот премин Табановце за влез во земјава поради зголемена фреквенција на возила во овој период од годината. На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Continue Reading

Кавани нов играч на Бока Јуниорс

 – Бока Јуниорс го објави потписот со напаѓачот Единсон Кавани. Страните потпишаа договор до крајот на 2024 година.   Триесет и шестгодишниот Уругваец во новиот тим дојде како слободен играч. На 29 јули го раскина договорот со Валенсија.   Претходно беше објавено дека напаѓачот ќе може да игра за Бока Јуниорс на натпреварот против Национал на 3 август.   Кавани минатата …

Continue Reading

Адреналинско низводно патување ја открива недопрената природа по течението на Црн Дрим

– Возбудлива авантура низ живописната природа по течението на реката Црн Дрим и езерото Глобочица, адреналинска возбуда и неповторливо доживување од еден поинаков агол овозможуваат кајакарските тури на спортскиот клуб „Соларис“. Возбудливите кајак тури имаат три појдовни точки, но сите завршуваат во Глобочичкото Езеро. Првата е од излезот на урбаното корито на реката Црн Дрим, после даљанот во должина од 19, …

Continue Reading