Реакција на ЕУ на егзекуциите во Кувајт: Ќе продолжиме да работиме за укинување на смртната казна

Европската Унија изрази жалење за вчерашната егзекуција на пет лица во Кувајт, потенцирајќи дека како прашање на принцип силно се противи на смртната казна во секое време и во сите околности. – Тоа е нехумана казна, која се покажа како неефикасна за спречување на криминалот и претставува негирање на основното право на живот и човечкото достоинство, се посочува во соопштението …

Continue Reading

Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираа денеска од училиштето. -Почна монтажата на лифт во нашата гимназија, а кој ќе биде наменет пред сè за учениците со физичка попреченост. Овој проект веќе некое време чекаше на својата реализација, еве и тоа се случи и полека се заокружува целокупниот проект за реконструкција и модернизација на гимназијата. За оваа намена …

Continue Reading

Совет на Народна банка: Инфлацијата забавува во вториот квартал од годинава

Годишната стапка на инфлација во вториот квартал од годинава забавува, се посочува во кварталниот извештај што го усвои Советот на Народната банка. – Во однос на остварувањата, растот на домашната економска активност забрза, малку посилно од очекувањата според последните проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал од 2023 година упатуваат на натамошен раст на економската активност во вториот квартал …

Continue Reading

Јапонија ги заостри санкциите и воведе ембарго за извоз на електрични возила во Русија

Јапонските власти денеска објавија дека ќе ги зголемат санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина, меѓу кои и ембарго на електрични возила наменети за Русија. Токио претходно ги замрзна имотите на руски поединци и групи и забрани извоз на стоки во руски организации поврзани со војската, како и извоз на градежни и инженерски услуги. Јапонската влада денеска го прошири …

Continue Reading

Османи : Завршувањето на Коридорот 8 важен аспект за евроинтеграцијата на Македонија

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и Албанија, Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка ја презентираа четиристраната иницијатива за заедничко поврзување и економски развој на регионите долж Коридорот 8. Како што соопшти МНР, оваа политичка платформа ќе придонесе за севкупната соработка и зајакнување на безбедноста на регионот, а особено ќе влијае на ЕУ …

Continue Reading

МВР: Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер

Утрово во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги. Како што информираат денеска од МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање …

Continue Reading

Запленети 98.000 евра на граничниот премин Богородица

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата. Како што информираат од Царинската управа, на 26-ти овој месец, околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола …

Continue Reading

Охрид доби уште две хуманитарни паркинг-места, собраните средства од наплатата за хуманитарни цели

Охрид доби уште две хуманитарни паркинг-места, преку проектот „Хуманитарни паркинзи“ што заеднички го реализираат Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“. Станува збор за одбележани паркинг-места, од кои средствата собрани преку наплата за паркирањето  се наменети за хуманитарни цели. Новите хуманитарни паркинзи се наоѓаат на улицата „Димитар Влахов“, во непосредна близина на Општина Охрид. Проектот „Хуманитарни паркинзи“ започна да се реализира …

Continue Reading

Шкупи и Левски ги очекуваат казни од УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим во рамки на првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига. Натпреварот официјално го следеа 6.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, меѓу кои околу 900 дојдоа организирано од Софија да …

Continue Reading